Поврзете се со нас

АТП

Алкарас за повредата: Тешко е да се игра на оваа сцена, нормално е да…

Објавено

на

foto:twitter.com/carlosalcaraz

Карлос Алкарас мина уште еден ривал на Ју-Ес Опен, Италијанецот Матео Арналди кого го совлада до три сета со 6:3, 6:3, 6:4, победа со која обезбеди место во четвртфиналето на турнирот во Њујорк.

Со ова Шпанецот направи нов исчекор во остварување на зацртаната цел, но за да се случи тоа мора да биде максимално фит и подготвен.

Тој има одреден проблем, неговиот бутен мускул беше бандажиран, не тренираше на ден пред мечот, ама Карлос засега и смирен порачувајќи дека не се работи за нешто сериозно.

-Тешко е да се игра на грен слем. Две недели играте тешки натпревари и нормално е да чувствувате болка во телото и треба да се грижите за тоа. Не е ништо сериозно. Се грижам за се, -рече Алкарас на кого му е драго што пред некое време остварил средба со тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти.

-Навистина сум среќен што запознавам такви личности, тој е еден од најдобрите фудбалски тренери во историјата. Нема сомнеж за тоа. Убаво е да разговараш со него секогаш кога ќе имаш прилика, -заклучи првиот светски рекет кој за нареден ривал на Ју-Ес Опен го има Саша Зверев.

Зверев го доби маратонот со Синер и закажа четвртфинале со Алкарас

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни