Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Крос го потенцирал клучниот момент во финалето на „Вембли“

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/realmadrid

Тони Крос го освои шестиот и последен трофеј во Лигата на шампионите, со што на најдобар начин ја заокружи својата етапа во дресот на Реал Мадрид.

Германецот ќе го одигра уште ЕП пред да се пензионира, а и покрај големиот успех во дуелот со Борусија, сталожено изанализирал што било клучно во финалето на „Вембли“.

– Клучен момент беше што не примивме гол во првото полувреме.

– Првото полувреме навистина не беше добро за нас.

– Потоа се вративме на теренот и заигравме подобро, што беше крунисано со првиот гол. Игравме како што фановите се навикнати и заслужено победивме. Бевме подобар тим на крајот, но ни требаше долго време да се најдеме во таква позиција, – рекол искрениот Крос.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни