Поврзете се со нас

Фед куп

Тенисерките загубија од фаворитот Хрватска во Били Џин Кинг Купот

Објавено

на

foto: www.mtftennis.mk/

Македонските тенисерки загубија од Хрватска со 3-0 во вториот меч од групата А во Втората Евроафриканската зона од Били Џин Кинг Купот.

Хрватките важеа за фаворитки и тоа го потврдија со три победи, односно славеа во двата сингл натпревари и дуелот во двојки.

Магдалена Стоилковска беше надиграна од Леа Бошковиќ со 2-0 во сетови, додека пак Лина Ѓорческа поведе против Антонија Ружиќ, меѓутоа во продолжението противничката заигра на повисоко ниво и со 6:2  и 6-2 го донесе вториот триумф на својата селекција.

Со оглед на тоа што се беше решено, селекторот Димитар Лабудовиќ во двојки им даде шанса на нашите млади тенсиери Ива Данева и Ана Митевска, кои загубија со 2-0 во сетови од Ива Примирац и Леа Бошковиќ.

Само за потсетување Македонија во првото коло беше поуспешна од Естонија со 2-1.

Македонија со победа над Естонија го отвори настапот во Били Џин Кинг Купот

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни