Поврзете се со нас

Македонија

Беса и Пелистер одиграа без победник, тимот од Добри Дол испиша историја со пласман во Првата лига

Објавено

на

foto:www.facebook.com/besa.doberdoll

Беса и Пелистер денеска го одиграа големот дерби во Втората македонска фудбалска лига, дуел по кој и официјално го дознавме првиот патник во елитното друштво.

На домашниот тим од Добри Дол потребен му беше само бод за математички да го обезбеди второто место на табелата, кое гарантира пласман во Првата македонска фудбалска лига.

Во меч со многу тактичко надмудрување и претпазлива игра, Беса и Пелистер одиграа 0:0, па ако гостиварчани веќе денеска слават пласман во елитата, битолчани многу верорјатно тоа ќе го прават доста брзо.

За разлика од ремито во Гостивар, Втората лига понуди фудбалски спектакл во Тетово, каде Тетекс и Арсими одиграа натпревар со десет погодоци 4:6.

ВМФЛ резултати:

Беса – Пелистер 0:0
Тетекс – Арсими 4:6
Охрид – Каменица Саса 1:1
Беласица – Кожуф 2:0
Башкими – Скопје 0:0
Новаци – Детонит Плачковица 0:1
Осогово – Караорман 2:1
Победа – Вардар Неготино 1:1

 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни