Поврзете се со нас

АТП

Надал со пресврт до 70. победа во Рим (ВИДЕО)

Објавено

на

Foto:twitter.com/MutuaMadridOpen

Искусниот шпански тенисер, Рафаел Надал имаше победнички старт на АТП Мастерсот во Рим.

Надал мораше добро да се испоти за да ја оправда фаворитската улога во пресметката со Зизу Бергс кој во моментов е на 108 место на АТП листата.

Белгиецот успеа два пати да му го одземе сервисот на Шпанецот во првиот сет што беше доволно истиот да го освои со 6-4. Во продолжението Надал беше далеку посигурен, повнимателен и со 6-3 и 6-4 дојде до посакуваниот резултат, место во наредната фаза на турнирот во италијанската престолнина.

Ова за Рафа беше 70. победа во Рим со што стана прв тенисер кој на два Мастерс турнири има 70+ триумфи.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни