Поврзете се со нас

Лига Европа

Баер победи на „Олимпико“, Марсеј и Аталанта без предност за реваншот (Видео)

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/bayer04fussball

Баер Леверкузен оствари солидна предност на гостувањето кај Рома (0:2), додека Олимпик Марсеј и Аталанта најавија подраматичен реванш (1:1) по ремито на првиот натпревар од полуфиналните пресметки во Лига Европа.

Флоријан Вирц ја искористи големата грешка на Рик Карлсдроп уште во првиот дел и го совлада Свилар за водство на новиот германски првак, а Андрих зголеми во вториот дел со атрактивен погодок.

„Фармацевтите“ ќе се подготвуваат за реваншот со предност од првата средба, бидејќи Рома до крајот не успеа ниту да ја ублажи негативата.

Џанлука Скамака ја продолжи одличната серија во Лига Европа и ја искористи одличната асистенција на Копмајнерс за да донесе предност во 11. минута, но Аталанта не ја задржа предноста ниту десет минути.

Мбемба донесе израмнување за францускиот состав во 20. минута, а тој резултат остана до крајот на натпреварот и најави драматичен реванш во Италија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни