Исхрана и вежбање
Mozzart со победниците – Натпреварот „Herkules Grand Prix“ се одржа во Скопје

Во согласност со својот слоган, компанијата Mozzart ги поддржува победниците, а тoa се секако домашните бодибилдери!
Успешната соработка со бодибилдинг и фитнес федерацијата продолжи со спонзорство на натпреварот „Herkules Grand Prix“ во Скопје, кој собра бројни светски познати натпреварувачи. Во Скопје се собраа околу 100 натпреварувачи од 12 европски земји, а беше организиран и натпревар во борење на рака.
– Успешно заврши првиот „Herkules Grand Prix”, меѓународен натпревар кој за првпат се одржа во нашата земја во 2002 година. Благодарност до MOZZART, кој веќе втора година по ред ги подржува нашите настапи и натпревари – изјави претседателот на федерацијата за бодибилдинг и фитнес, Бобан Ѓороски.
На ова натпреварување рамо до рамо со ѕвездите од овој спорт настапуваа и нашите натпреварувачи, а меѓу кои Божидар Пецаковски и Мери Акиевска освоија Elite Pro карта.
Специјални гости на овој настан беа претседателот на Македонија Стево Пендаровски и Михал Крижанек од Словачка, кој веќе четири години е најдобар IFBB ELITE PRO натпреварувач.
Да потсетиме, соработката помеѓу бодибилдинг и фитнес федерацијата и Mozzart започна во пресрет на Светското првенство во Шпанија оваа есен, а беше среќна за нашата најдобра претставничка Мери Акиевска. Таа тогаш освои дури четири медали, стана светски шампион во велнес за јуниори, апсолутен шампион во јуниорска конкуренција, светски сениорски шампион во велнес и апсолутен шампион во сениорска конкуренција. Серијата успеси продолжи и оваа пролет, а веќе следниот месец ги очекуваат нови предизвици.
-
Италијапред 24 часа
Фудбалски „идиот на месецот“: Играч на Венеција го шутна Пелегрини во меѓуножјето (Видео)
-
АТПпред 23 часа
Противпожарен аларм го прекина налетот на Ѓоковиќ, но не можеше да спречи 1000. победа во кариерата! (Видео)
-
Шпанијапред 4 часа
Таткото на Меси: Се надевам Лео ќе се врати во Барселона
-
Шпанијапред 23 часа
Чави со искрена изјава за можното заминување на Де Јонг: За мене тој е многу важен, но….
-
Англијапред 8 часа
Клоп: Јас сум виновен за промашениот пенал на Мане (ВИДЕО)
-
Италијапред 23 часа
Мурињо имаше што да види: Рома шутна 46 пати, но не победи против „фенерџијата“ (Видео)
-
Германијапред 5 часа
Мајсторија која ќе се врти: Соиграч на Чурлинов постигна гол од половина терен (ВИДЕО)
-
Италијапред 11 часа
Новиот агент на Погба оди во Торино на финални преговори со Јувентус