Поврзете се со нас

Македонија

АДИССДСП со одговор на соопштението на Вардар: Дрска и безобразна е реториката на закани…

Објавено

на

Екипата на Вардар во текот на вчерашниот ден излезе со соопштение во кое посочи дека нема да се врати на националната Арена „Тодор Проески“ во актуелнава сезона, а како причина беше неведено Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен (АДИССДСП) и деловен простор или попознато само како ПУИГ.

„Црвено-црните“ се пожалија дека добиле негативен одговор за изнајмување на стадионот и порачаа дека ова никогаш нема да го заборават.

Реакција од Вардар: ПУИГ не не пушта да играме на „Градски“, ова никогаш нема да го заборавиме!

Сега стигна реакција од АДИССДСП која ви ја пренесуваме во целост.

Изненадени од грубите невистини и реториката на закани кои одредени лица преку профилот на ФК Вардар во однос на некористењето на Националната Арена „Тодор Проески“ од страна на клубот беа пласирани во јавноста, чуствуваме потреба да го истакнеме следното:

Барањето за користење на Националната Арена „Тодор Проески“ од страна на ФК Вардар за денешниот натпревар не е дозволено ЕДИНСТВЕНО поради огромниот долг кој клубот го има кон Друштвото во однос на користење на арената, и кој години наназад не се подмирува и покрај иницијативата која пред две години ја понуди Владата на РСМ долгот да се подмири на начин што друштвото ќе се откаже од каматите во однос на главниот долг, доколку клубот го исплати само главниот долг.

Она што пред неколку денови беше упатено како барање до Друштвото подразбира плаќање исклучиво на цената за денешниот натпревар, не навлегувајќи и избегнувајќи ги обврските и долговите кои клубот ги има кон Акционерското друштво ,без притоа да се понуди никаква конкретна и реална алтернатива за нивно подмирување.

Дрска и безобразна е реториката на закани и на посочување на Акционерското друштво како виновник за состојбата во која се наоѓа ФК Вардар. Напротив, АДИССДП работи исклучиво согласно законот и штитејќи го интересот на друштвото, додека вината за состојбите во кој за жал е оставен најтрофејниот македонски фудбалски клуб треба исклучиво да се бара кај оние кои во минатото раководеа со ФК Вардар на начин кој ја предизвика ваквата состојба на задолженост на клубот.

На крајот, Националната Арена „Тодор Проески“ е објект од јавен интерес, сопственост на Република Северна Македонија за чие користење право полагаат сите фудбалски клубови од првата фудбалска лига подеднакво, под исти услови и почитувајќи исти правила. АДИССДП како субјект кој е задолжен со стопанисување и одржување на објектот е должно да постапува неселективно према сите субјекти кои имаат потреба од користење на објектот, а изнајмување на Арената на субјект кој има активен извршен предмет поради повеќегодишен долг, без притоа да понуди обезбедување или начин на исплата на долгот е спротивно на актите на друштвото и целосно спротивно на принципот на одговорно стопанисување со самиот објект.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни