Поврзете се со нас

Франција

Шоу на Мбапе и Дембеле, ПСЖ на чекор од титула во Франција (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:twitter.com/PSG_inside

Екипата на Пари Сен Жермен е на добар пат да дојде до уште една титула во Лига 1 со вчерашната сигурна и убедлива победа над Лориент од 4-1.

Гостите од Париз издоминираа и дојдоа до 20. сезонско славје во натпревар во кој свое шоу имаше Мбапе со два гола и асистенција, а два погодоци даде и Дембеле.

Единствениот погодок за домаќините беше дело на Бамба во 73 минута.

Сега четатата на Енрике има 69 бода и ако Монако вечерва не го добие Лил и официјално ќе биде крунисан во старо-нов француски шампион.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни