Поврзете се со нас

Формула 1

Незаборавник: Три децении од смртта на Аиртон Сена (1994 – 2024)

Објавено

на

Photo credit: Martin Candir / Zoran Zivkov - Imola 2022

Несреќата во која загина Аиртон Сена предизвика далеку поголемо внимание и паметење отколку која било друго несреќа од овој спорт, кој има долга и брутална историја.

Фактот дека несреќата во која загина трикратниот светски шампион кој инспирираше многумина, и сѐ уште е почитуван како најдобриот на сите времиња, предизвика низ промени во спортот, како на планот на безбедноста на болидите, така и при изградбата на патеките и користењето на нови и корисни технологии.

Во оваа прилика, потсетуваме на интервјуто што медицинскиот делегат на ФИА, Проф. Д-р Сид Воткинс, го направи со новинарот Зоран Живков, денешен уредник на магазинот „Top speed“.

Имав лошо претчуство и кога добивме порака дека се случила несреќа, односно дека трката е прекината, веднаш знаев дека е во прашање Сена. Кога му пријдов да му ја симнам кацигата, видов дека состојбата е критична и дека има сериозна повреда, дека загубил многу крв. Откако го извадивме од болидот почувствував дека неговото тело се опушти. Ги погледнав неговите зеници, беа вкочанети. Од претходните искуства знаев дека нема да преживее. Направив се што можев, како и моите колеги.

Во интервјуто, Д-р Воткинс откри дека откако претходните денови се случиле несреќите на Рубенс Барикело (беше во кома), како и на Роланд Раценбергер (загина во квалификациите пред трката за Големата награда на Сан Марино во 1994 година, истиот гран при викенд со Сена), му имал сугерирано на бразилскиот ас да направи пауза од трките.

– Жал ми е што претходниот ден не успеав да го наговорам да земе одмор или да се откаже од Формула 1. Видов под колку голем притисок е, баш не му одеше таа сезона. Му продложив да одиме по риба заедно, бевме навистина добри пријатели. Никогаш, со ниеден возач не бев толку близок, а не запознав друг што толку многу се интересираше за мојата работа.

Фото: Зоран Живков и Мартин Цандир

 

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни