Поврзете се со нас

НБА

Брансон како Џордан и Леброн, познато е првото полуфинале на Истокот (ВИДЕО)

Објавено

на

foto: twitter.com/relevo

Екипата на Њујорк Никс издвојува победа над Филаделфија Севентисиксерс со 118:115, победа со која ја затвори оваа серија со 4-2 и обезбеди пласман во конференциското полуфинале на Истокот во НБА лигата.

Голема борба се водеше во Филаделфија во мечот за кој за домаќините беше да се биде или не, односно секој пораз значеше крај на натпреварувачката 2023/2024. На крајот тоа и се случи, сценарио за кој најзаслужен е неверојатнот Брансон кој имаше нова страшна партија со дабл-дабл од 41 поен и 12 асистенции, плус собра 3 скока.

Тој стана трет играч во историјата на НБА лигата со четири плејоф натпревари во низа со 35 поени и +5 асистенции. Претходно тоа го направиле уште Леброн Џејмс и Мајкл Џордан.

Инаку комплетната стартна петорка на Никси беше двоцифрена, додека кај поразените Ембид реализираше 39 поени со 13 скока.

Ривал на избраниците на Тибодо ќе биде Индијана Пејсерс која со истиот резултат од 4-2 ја затвори битката со Милвоки Бакс.

Лилард се врати за шестата средба, ама Пејсерс го сочуваат домашниот терен и со 120:98 обезбедија место во наредната фаза.

Резервистите Топин и МекКонел одиграа клучна улога, првиот уфрли 20 поени со 8 скока, вториот 20 кошеви со 9 асистенции и 4 украдени топки.

Кај „елените“ кои се сосема друга екипа без Адетокумбо, плејмејкерот Лилард беше автор на 28 поени.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни