Поврзете се со нас

Дејвис куп

Синер доби уште една битка со Ѓоковиќ, Италија е вториот патник во финалето на Дејвис Купот (ВИДЕО)

Објавено

на

Репрезентацијата на Италија ќе ја предизвика Австралија во големото финале на Дејвид Купот, поточно на завршниот турнир што се игра во Малага.

Италијанците успеаа да ја добијат битката со Србите со 2-1 и на тој начин да дојдат до првото финале во ова натпреварување уште од 1998 година.

Миомир Кецмановиќ го донесе првиот бод на репрезентацијата на Србија по што многумина очекуваа Новак Ѓоковиќ да го реши Јаник Синер и ги одведе во борбата за пехарот. Ѓоковиќ имаше идеална можност за тоа, три меч топки, меѓутоа противникот се врати, го совлада и ја одведе оваа пресметка во трета рунда, натпреварот во двојки.

Синер спаси три меч топки и го победи Ѓоковиќ во Дејвис купот

Тука Синер и Соного беа подобри од Кецмановиќ и Ѓоковиќ со 6-3 и 6-4 и со тоа обезбедија конечна победа за „аѕурите“ кои утре одат на соочување со „кенгурите“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни