Свет
Хрватите изрекоа казни за ракометниот скандал во Нашице: Вујовиќ доби тримесечна суспензија, Безјак мина најлошо
Вчера пристигна веста за прекин на соработката меѓу Нексе и Веселин Вујовиќ, а еден ден по оваа вест пристигна и официјално соопштение од хрватскиот ракометен сојуз за скандалот кој го режираа актерите на овој тим.
Последното дерби меѓу Нексе и ППД Загреб не се доигра поради недолично и неетичко однесување на домашните претставници, меѓу кои посебно се издвои она на Маркро Безјак кој го удри делегатот Анте Јосиќ.
Поради овој голем инцидент, настана голема мешаница и натпреварот беше прекинат, а потоа едногласно беше проценето дека ППД Загреб го добива истиот со службени 10:0.
Тоа беше само најава за она што следи, а денеска ракометниот сојуз во Хрватска ги изрече казните за сите инволвирани, од кои најтешко помина токму Безјак.
Словенечкиот ракометар доби забрана за играње ракомет во период од 12 месеци, додека Вујовиќ кој вчера се раздели со Нексе, нема да смее да биде тренер во Хрватска во наредните три месеци.
Казна од четири натпревари неиграње заработи и Андраж Велкаврх, а Нексе како клуб заработи парична казна од 4 илјади евра.
-
НБАпред 14 часа
Брансон како Џордан и Леброн, познато е првото полуфинале на Истокот (ВИДЕО)
-
Шпанијапред 12 часа
Левандовски: Барселона е најголемиот клуб на светот, горд сум…
-
Светпред 9 часа
Гомез за „билдерот“ Озил: Не знам која е неговата цел (ФОТО)
-
Англијапред 14 часа
Тен Хаг излезе со коментар за неверојатното издание на Санчо во полуфиналето во ЛШ
-
Англијапред 15 часа
Покетино испрати загрижувачка порака за својата иднина по победата над Тотенхем
-
Германијапред 12 часа
Алонсо: Одигравме интелегентно и зрело, ама…
-
Италијапред 10 часа
Ултрасите нема да навиваат за Милан на мечот против Џенова
-
Светпред 13 часа
Големо име: Уште еден добар пријател на Меси може да се пресели во Интер Мајами