Поврзете се со нас

Европски првенства

Мурињо: Европската титула ќе заврши кај еден од трите најсилни тима

Објавено

на

Foto:twitter.com/ASRomaEN

Жозе Мурињо е без работа во овој момент и најверојатно ќе има задачи како стручен аналитичар за време на Европското првенство, турнир кој претстојново лето ќе се игра во Германија.

Португалскиот стручњак знаел да биде добар прогнозер за големите настани и тоа го покажа на Светското првенство во Русија, а зарпашан за тоа кои се главни фаворити за европскиот трон оваа година, тој не гледа како Италија би ја одбранила титулата освоена на „Вембли“ пред три години.

Доскорешениот тренер на Рома верува дека трофејот ќе заврши кај една од трите најсилни репрезентации, а тоа според него се Португалија, Франција или Англија.

– Според мене, трофејот ќе заврши кај еден од трите најсилни тима. Тоа се Португалија, Франција или Англија. Може да има изненадувања, но гледајќи го квалитетот и квантитетот, Португалија мора да тргне по титулата на претстојниот европски турнир.

– Имав можност да ја водам Португалија, но не ја прифатив понудата. Сега сме на Европско првенство и имаме тренер кој може да направи многу со новата генерација на фудбалери, – порачува Жозе.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни