Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Терзиќ: Сега ни е потребно „само“ реми…

Објавено

на

foto:twitter.com/BlackYellow

Борусија Дортмунд го одбрани домашниот терен и славеше победа над Пари Сен Жермен од 1-0 во првото полуфинално соочување во Лигата на шампионите.

Голот на Филкруг постигнат во првото полувреме се покажа како доволен за „милионерите“ да остварат предност пред реваншот на „Паркот на принцовите“ закажан за 7 мај.

-Не ни требаат многу пофалби. Победивме, но ни претстои уште многу работа. На хартија потребно ни е само реми, но лесно е да се каже, бидејќи „само“ ќе бара да вложиме се што можеме. Денеска истрчавме 120 километри, не беше прв пат да го направиме тоа оваа сезона и ќе мора да го направиме тоа и на реваншот ако мислиме дека можеме да се надеваме дека ќе поминеме, -рече тренерот Един Терзиќ.

-Бевме исклучително силни на топка против тим со такви неверојатни физички предиспозиции како играчите на Пари Сен Жермен. Јас сум особено горд на тој факт. Кога рамноправно се справуваш со група такви спортисти, тоа значи дека си на добар пат, додаде Терзиќ.

Енрике е убеден: Ќе бидеме многу силни во реваншот, треба да се поправи една работа

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни