Поврзете се со нас

Мото ГП

Дуел на големите шампиони: Маркез и Бањаја се судрија и не ја завршија трката во Португалија, стјуардите брзо донесоа одлука (Видео)

Објавено

на

Марк Маркез почна да нуди добри изданија како член на Дукати и вчера го освои второто место на спринт  трката во Португалија, но денеска на главниот настан немаше доволно среќа и не ја заврши трката.

Шесткратниот Мото ГП шампион не можеше да го следи темпото на Мартин, Бастијанини, Вињалес и Акоста, но почувствува можност да го нападне Пеко Бањаја на три круга пред крајот, па иако во прв момент го мина актуелниот првак, на крајот двајцата излетоа од патеката во петтиот свиок.

Маркез влезе агресивно и навреме ја затвори „вратата“, но Италијанецот сакаше да одговори веднаш и со преагресивен потег се удри во Марк и двајцата завршија во аут.

Бањаја веднаш се откажа и воопшто не се врати на мотоциклот, а иако Маркез ги заврши преостанатите 3 круга, на крајот не освои бодови и остана на оние од вчера (девет).

Веднаш по инцидентот, стјуари објавија дека ќе се направи проверка на истиот, но по извршената инспекција беше утврдено дека нема виновник и дека станува збор за тркачки инцидент.

Во самата завршница, Вињалес излета како третопласиран и му овозможи на Акоста првпат да се искачи на пиедесталот во Мото ГП, што е огромен успех за новајлијата во „кралската класа“.

Недопирлив денеска во Портимао беше Хорхе Мартин кој е нов лидер во генералниот пласман, а втор заврши Енеа Бастијанини.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни