Поврзете се со нас

Формула 1

Ред Бул го резервираше првиот ред за Ф1 трката во Кина, Ферстапен го повтори ефектот на Хакинен

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/redbullracing

Макс Ферстапен комплетираше перфектен ден на патеката во Кина, па по победата на спринт трката, го освои првото место и во квалификациите за утрешната главна трка од Формула 1 шампионатот.

Актуелниот светски шампион очекувано беше најбрз во квалификациите и утре ќе стартува од пол-позицијата, а во првиот ред друштво ќе му прави клупскиот колега Серхио Перез.

За Ферстапен ова е петта пол-позиција на исто толку трки од почетокот на сезоната, ефект кој не е постигнат уште од 1999 година (Мика Хакинен).

Тандемот на Ред Бул стигна до најбрзи кругови, додека Фернандо Алонсо може да биде задоволен со третото место, од кое ќе може да ги предизвика ривалите барем на стартот на трката.

Пласман во првата десетка обезбедија и Норис, Пјастри, Леклер, Саинц, Расел, Хулкенберг и Ботас. Луис Хамилтон ќе стартува од 18. позиција.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни