Поврзете се со нас

Англија

Англиската асоцијација откри детали за обложувањата и одреди казна за Тонали

Објавено

на

Foto:twitter.com/NUFC

Њукасл се соочи со неочекуван проблем откако Сандро Тонали доби суспензија поради нелегално обложување, а италијанскиот фудбалер и неговиот клуб стравуваа и од дополнителна казна како резултат на истрагата на ФА.

Англиската фудбалска асоцијација денеска излезе со соопштение дека Тонали ќе добие двомесечна, но условна казна, што значи дека ќе помине без класична санкција ако не го повтори делото до крајот на следната сезона.

Според ФА, Тонали се обложил меѓу 40 и 50 пати на фудбалски натпревари откако станал член на Њукасл и затоа вложил сума од над 100.000 евра, за што добил условна казна и парична казна од 20.000 фунти.

Она што одело во прилог на Тонали е што се обложувал на победи на Њукасл, а настапил на три од четирите средби на кои вложил солидна сума на пари.

Претходно, италијанскиот репрезентативец веќе доби 10-месечна суспензија која беше верификувана и од ФИФА и важи за сите натпреварувања, а беше изречена поради истото обвинување во периодот кога Тонали беше член на Милан.

Поради суспензијата, Тонали ќе мора да чека до август, односно до наредната сезона за да им се врати на клупските обврски.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни