Поврзете се со нас

АТП

Родик загрижен за Ѓоковиќ: Никогаш не било вака во последните 15 години…

Објавено

на

foto:twitter.com/DjokerNole

Новак Ѓоковиќ не е на посакуваното ниво во оваа 2024 година во која се уште нема освоено ниту еден трофеј, а нема играно ниту во едно финале.

Овие настапи дефинитивно се изненадување за многумина, па и за асови кои во минатото имаат играно со Србинот како што е Енди Родик.

Американецот кој своевремено беше светски рекет број еден е изненаден од играта на Ѓоковиќ, ама и од промените кои тој ги направи кога е во прашање стручниот штаб.

-Загрижен сум за неговата игра, можеби никогаш не било вака во овие 15 години. Имајќи го тоа на ум, можеби ќе треба да ни каже многу, да се потсети на менталитетот „јас против светот“ што го усоврши во текот на неговата кариера. До кога ќе зборуваме, „ тој ќе сврти ситуација? Тоа го кажувам цела година.

-Ова ми е некако чудно, навистина очекував да се засили. Гледате на Ролан Гарос, Вимблдон, тој даде приоритет на Олимписките игри, имате чувство дека доаѓа пресвртот. Но, ова не беше ништо слично, -вели Родик.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни