Поврзете се со нас

Европски првенства

Дешамп со два познати повратници и еден новајлија на ЕП (Фото)

Објавено

на

Дидие Дешамп долги години ја води француската фудбалска репрезентација и тоа го прави на навистна извонреден начин, но еден од неговите најголеми квалитет според јавноста е прагматичноста.

Францускиот селектор е насочен кон успех и важни му се само резултатите, па така во својата долга етапа во неколку наврати надвор од репрезентацијата оставаше големи фудбалски ѕвезди, се со цел да го заштити интегритетот и хемијата на националниот тим.

Дешамп не направи големи изненадувања и повика најголем дел од стандардните репрезентативци за Европското првенство во Германија, а на листата од 25 фудбалери се најдоа и двајца повратници.

Ферлан Менди од Реал Мадрид и Нголо Канте од Ал Итихад се двете големи ѕвезди кои се враќаат за континенталниот собир, со тоа што има и еден новитет.

Бредли Баркола доби место во завршниот список на селекторот и ќе се бори за свое место во тимот, па младата ѕвезда на ПСЖ ќе има шанса да се докаже и како новопечен француски репрезентативец.

Голмани: Мењан, Ареола, Самба

Дефанзивци: Кунде, Клос, Павар, Конате, Упамекано, Салиба, Тео Ернандес и Менди

Среден ред: Камавинга, Фофана, Канте, Рабио, Заир Емери, Чуамени, Гризман

Напад: Дембеле, Жиру, Коло Муани, Мбапе, Тирам, Коман, Баркола

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни