Фед куп
Норвешка преку тај-брејк до победа над Македонија во дербито на Били Џин Кинг Купот

Македонската женска тениска репрезентација загуби од Норвешка во второто коло на Били Џин Кинг Купот и тоа по тај-брејк завршница во мечот во игра на двојки.
Откако по сингл пресметките двете селекции стигнаа до една победа, дублот го решаваше победникот во дуелот меѓу Македонија и фаворитот Норвешка, за Лина Ѓорческа и Магдалена Стоилковска да загубат со 10:5 во таа решавачка етапа.
Прво Норвежанките поведоа откако го добија првиот сет со 6:4, па следуваа супериорни 6:1 на нашите тенисерки, но и тај-брејк завршница во игра до 10, во која Норвежанките беа подобри и дојдоа до посакуваната победа.
Претходно, дуелот започна со пораз на Стоилковска во два сета, по што следуваше убедлива победа на Ѓорческа со само два загубени гејма на својот сингл меч.
Македонија со една победа и еден пораз досега, утре ќе го игра последното коло во групната фаза, а противник ни е Косово.
-
Италија3 часа
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
Шпанија5 часа
„Мундо Депортиво“: Флик му испратил јасна порака на Тер Штеген, голманот не отстапува од својот план
-
АТП23 часа
Фриц понуди одличен тенис, но не можеше да спречи трето финале за Алкарас на Вимблдон
-
Шпанија6 часа
Тебас го откачи Реал Мадрид: Никој не се жали освен нив
-
Шпанија23 часа
Официјално: Валенсија му донесе голема конкуренција на Димитриевски (Фото)
-
Италија4 часа
Чистката во Јувентус ќе опфати и фудбалер кој пристигна во јануари
-
Англија22 часа
Ќе профитираат „шумарите“ на Нуно: УЕФА го исфрли Кристал Палас од Лига Европа (Фото)
-
Англија6 часа
Првиот човек на Кристал Палас за санкцијата од УЕФА: Ова е голема неправда