СЕХА лига
Вардар со лесен пресврт против Војводина до заверка на Ф4 пласманот во СЕХА

По Еуфорарм Пелистер, Македонија ќе има и втор претставник на завршниот Ф4 турнир во СЕХА лигата, откако Вардар денеска само рутински ја доврши работата која ја почна пред една недела.
Уверливата победа од 13 гола разлика на првиот меч ветуваше формалност против Војводина на реваншот, па иако нашиот шампион се мачеше во првиот дел, во вториот дел ја презема иницијативата и со втора победа за пласираше на финалниот турнир во регионалното натпреварување.
Вардар играше релаксирано прво полувреме со оглед на големата позитива и му дозволи на домаќинот да се одлепи на плус пет, но тоа беше прв аларм за соземање на редовите, по што следеше доминација на паркетот.
„Црвено-црните“ успеаја да се вратат во егал ситуација и да направат пресврт, со што само потврдија дека разликата во квалитет е голема во овој момент.
Македонскиот првак победи со 26:32 и го завери пласманот меѓу четирите најдобри во СЕХА лигата, каде вчера се пласираше Еурофарм Пелистер по двократната победа над Татран Прешов.
-
Шпанијапред 12 часа
Анчелоти со комплименти за Родриго: Тој е наш најдобар играч по СП
-
Италијапред 12 часа
Три ѕвезди на Јувентус денес ќе се збогуваат со фановите, важен играч на Алегри го пропушта дербито
-
Германијапред 13 часа
Салихамиџиќ по отказот од Баерн: Многу сум емотивен, ситуацијата не е лесна…
-
Англијапред 15 часа
Фердинанд нема дилеми: Јунајтед има поуспешна сезона од Арсенал
-
Англијапред 11 часа
Џака се „збогуваше“ со Арсенал во пресрет на последното коло
-
Шпанијапред 8 часа
Барселона договорила засилување од Вулверхемптон
-
Францијапред 16 часа
Мбапе „нокаутираше“ девојка со топка, па со убав гест покажа дека е џентлмен (ВИДЕО)
-
Англијапред 6 часа
„Бомбата“ на Дукуре му донесе опстанок на Евертон, Лестер и Лидс се нови второлигаши (Видео)