Поврзете се со нас

Олимписки игри

Колапсот на СП ги разбуди Американците: Леброн ќе состави „дрим-тим“ за Олимписките игри (Фото)

Објавено

на

Foto:twitter.com/Lakers

Америка дојде со резервен тим на Светското кошаркарско првенство и без многу искуство во тимот, а тоа на крајот резултираше со еден од најразочарувачките резултати во поновата историја.

Селекцијата предводена од Стив Кер не освои медал и заврши на четвртото место на Мундобаскетот, резултат кој донесе сериозен потрес во САД, каде одговорност се бара и од НБА ѕвезди кои го откажаа настапот на овој турнир.

Еден ден по завршувањето на турнирот, американските новинари откриваат дека колапсот сепак ќе донесе голема промена во тимот, а истата ќе ја организира Леброн Џејмс како капитен.

Ѕвезда на Лос Анџелес Лејкерс дала збор дека ќе состави „дрим-тим“ за Олимписките игри во Париз кои се играат наредната година, турнир на кој Америка ќе го нападне златото.

Добро упатениот новинар со инсајдерски информации, Шемс Чаранија тврди дека Леброн веќе остварил контакт со најголемите ѕвезди, па планот е во француската престолнина да ги понесе и Стеф Кари, Кевин Дурент, Џејсон Тејтум и Дрејмонд Грин.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни