Поврзете се со нас

Велосипедизам

Најдобриот светски велосипедист претрпе брутален пад во Шпанија, колегите се молат за неговото здравје (Видео)

Објавено

на

Четвртата етапа на Ицулија трката во Баскија донесе запрепастувачки моменти за тројца елитни велосипедисти, но најтешко мина убедливо најдобриот во последните две години.

Јонас Вингегор двапати во низа го освојува Тур де Франс и до денеска важеше за голем фаворит за освојување на третпат во низа, но сега прашање е дали Данецот воопшто ќе биде способен да настапи на најпрестижната велосипедска трка која се вози на крајот на месец јуни.

Вингегор, Роглич и Евенепоел денеска доживеале брутален пад при најстрмниот спуст на четвртата етапа од трката во Баскија, а најдебелиот крај го извлекол токму Јонас.

Од забавените снимки се гледа дека Вингегор завршил во еден канал крај патот и шпанските медиуми откриваа дека останал неподвижен 20 минути, по што бил евакуиран со кислородна поддршка и итно пренесен во болница.

Неговиот тим излезе со информација дека Вингегор е стабилен и контактибилен, а во текот на денот се очекуваат повеќе информации за неговата точна здравствена состојба.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни