Поврзете се со нас

Американски спортови

Историја во НХЛ: Овечкин го собори престижниот рекорд на Грецки (Видео)

Објавено

на

Фото: https://x.com/Capitals

НХЛ лигата од денеска има нов апсолутен рекордер според бројот на постигнати голови и тоа е руската легенда Алекс Овечкин.

Хокеарот на Вашингтон Капиталс стигнал до 895-тиот гол во НХЛ, соборувајќи го веројатно и најважниот рекорд на лигата, кој досега беше сопственост на Вејн Грецки, уште едно големо име и легенда на светската хокеарска сцена.

Вашингтон загуби од Њујорк Ајлендерс со 4:1, но единствениот гол за Капиталс беше дело на Овечкин, а интересно тој го собори рекордот со ист број одиграни натпревари како и Грецки (1487).

Русинот погоди за 2:1 и веднаш се најде во прегратката на своите соиграчи, кои знаеја како да му честитаат за историскиот момент.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни