Европски првенства
Македонија со победа над Полска ги заврши квалификациите за ЕП

Македонската кошаркарска репрезентација ја совлада Полска со 88:74 во последниот натпревар од квалификациите за Европското првенство.
Од претходно ние ги загубивме сите шанси за место на шампионатот, но без разлика на тоа одигравме добар меч во СРЦ Кале каде ја надигравме Полска, состав кој претходно го совладавме и на негов терен.
Наметнавме наше темпо од првата четвртина која ја реализиравме со 26:19, предност која ја сочувавме и по вториот период (45:39). По паузата одново бевме на повисоко ниво од Полјаците, ги добивме со 22:16 и 21:19 за позитивен крај на овој циклус кој го завршуваме на третата позиција во групата Х зад Литванија и Естонија.
Шортс со 23 поени беше прв стрелец, Маслинко уфрли еден помалку, а одличен беше и Зекири со 17 поени, 7 скока, 4 асистенции, 1 украдена топка и 1 блокада.
Кај поразените тројца реализираа по 13 кошеви, Плута, Михалак и Коленда.
-
Формула 116 часа
Хаос во Австралија, Норис ги издржа предизвиците
-
Шпанија13 часа
Мбапе со подобар ефект од Роналдо во првата сезона, пред себе има уште само три легенди на Реал
-
Шпанија15 часа
Арда се обиде да постигне гол од тешка позиција, Мбапе не го криеше бесот од потегот на соиграчот (Видео)
-
Македонија11 часа
Шкупи објави дека Лазаров не е во животна опасност, но заработил повреди во пожарот во Кочани
-
Македонија9 часа
Шкупи со траорно соопштение: Лазаров починал во обид да им помогне на повредените во пожарот (Фото)
-
Европски првенства11 часа
ЕХФ не дозволи одложување на натпреварот против Словенија во Копер (Фото)
-
Формула 110 часа
Стјуардите ја повлекоа казната и го разубавеа дебито од соништата за Антонели (Фото)
-
НБА15 часа
Јокиќ постигна 40 поени, Пул го шокираше Денвер со тројка од десет метри (Видео)