БИБЛ лига
ТФТ стартуваше со пораз во вториот дел од сезоната во БИБЛ лигата

ТФТ минува моменти за паметење откако пред извесно време ја освои титулата во Купот на Македонија, успех кој е најголем од постоењето за малиот тим со амбициозен проект.
Колективот од Тафталиџе покажа дека има срце и го победи највалитетниот тим во финалето (МЗТ), но храбрата игра денеска сепак не беше доволна за победа над бугарскиот претставник во БИБЛ лигата.
Балкан успеа да оствари победа на денешното гостувањето во Скопје и славеше со 82:97 и така напарави ТФТ да го стартува со пораз вториот дел од сезоната во регионалното натпреварување.
Бугарскиот состав ги контролираше случувањата на теренот и постојано беше во водство, а главната разлика беше направена во втората четвртина во која Балкан славеше со 19:31.
Ландриус Хортон беше најдобар кај ТФТ со 19 поени и 8 скока, додека кај гостите 21 поен и 6 скока забележа Дерик Маркс.
-
Шпанијапред 19 часа
Најдобриот играч на Реал од првиот дел од сезоната: Доживеав пад, не сум истиот по мундијалот
-
Светпред 8 часа
Данецот се повлече од терените: Хансен ја прекина кариерата поради стрес!
-
НБАпред 19 часа
ЛеБрон го собори рекордот на Абдул-Џабар, Лејкерс загубија во историската ноќ (Видео)
-
НБАпред 14 часа
Момент за историја: Абдул-Џабар лично му честиташе на ЛеБрон за рекордот (Видео)
-
Шпанијапред 12 часа
Чуамени ги разочарал одговорните во Реал по враќањето од мундијалот
-
Францијапред 4 часа
Малиновски ја „искина“ мрежата на Донарума, ПСЖ е елиминиран од Купот на Франција (ВИДЕО)
-
Англијапред 16 часа
Куман смета дека Гакпо избрзал со трансферот во Ливерпул
-
Италијапред 18 часа
Демирал ќе искористи дресови на поранешни соиграчи за собирање помош за Турција