Македонија
ТФТ направи пресврт во серијата со Чаир, сега е на чекор од полуфиналето

ТФТ забележа пораз на првиот меч против Чаир во натпревар во кој водеше речиси цели четири четвртини, но големиот шок сепак не влијаеше премногу негативно врз избраниците на Боро Смилковски.
Кошаркарите од ТФТ направија брејк на вториот меч во Чаир и израмнија на 1:1, а денеска на домашен терен поведоа во четвртфиналната серија и сега се на чекор од полуфинале.
Тафталиџани тргнаа фуриозно и веќе во првите 10 минути стигнаа до поопиплива предност, но Чаир успеа да се консолидира и остана резултатски во игра за стартот на второто полувреме (42:37).
Отворањето на третата четвртина донесе доминација на домашниот тим и ТФТ направи огромна разлика на семафорот, а предноста од 62:42 се покажа како клучна за конечниот епилог.
Гостите успеаја да се погрижат за подостоен пораз во последните десет минути, но ТФТ славеше со 76:65 и сега е на победа од полуфиналето.
-
НБА22 часа
Најавите се остварија: Богдановиќ ја замени Атланта со Лос Анџелес
-
Шпанија11 часа
Ханси Флик за една своја ѕвезда: Тој не се споредува со ниту еден друг играч во светот
-
Италија20 часа
Шампионот настрада на „Артемио Франки“: Фиорентина го потопи Интер во продолжениот меч во Серија А (ВИДЕО)
-
Англија20 часа
Ливерпул го уништи Тотенхем и ќе се бори за трофејот во Лига Купот (ВИДЕО)
-
Италија21 час
Лука Тони: Toa не е добар знак за Јувентус…
-
НБА23 часа
Лејкерс донесе и центар за борбата под обрачите (ВИДЕО)
-
Свет24 часа
Поранешен европски шампион заинтересиран за Погба: Ќе бидеме среќни…
-
АТП11 часа
Алкарас изведе тениско лудило кое ќе биде кандидат за поен на годината, па и самиот го сподели на социјалните мрежи (Видео)