Поврзете се со нас

Билијард и Снукер

Младинците освоија три медали на првиот турнир од Балканското првенство во билијард

Објавено

на

Изминатиов викенд, на 20 и 21 април во Софија, Бугарија, се одржа првиот од четирите турнири во билијард, кој се бодува за Балканско првенство во 2024та година (Balkan pool tour) за јуниори.

Беа пријавени 60 натпреварувачи од седум земјикои беа поделени во три старосни категории, и тоа: У13, У17 и У19, а се играше дисциплината „деветка“.

Македонија имаше тројца претставници во двете највисоки категории: Андреј Ѓурчиновски и Илија Димовски меѓу играчите до 17 години (се сретнаа во финалето) и Блендијан Ќазими кој настапи во категоријата до 19 години.

Младинскиот шампион на Македонија, Андреј Ѓурчиновски,со шест победи во низа и без ниту еден пораз го освои првото место пред Илија Димовски на турнирот до 17 години, додека третото место го делеа Петар Цанев од Бугарија и Никита Королих од Украина. Мора да се нагласи дека во текот на турнирот ждрепката сакаше Ѓурчиновски два пати да се сретне со минатогодишниот шампион Лука Бугарски (во второ коло и во четвртфинале), при што два пати го совлада. Доминацијата беше надополнета со петте победи на Илија Димовски, кој единствениот пораз го имаше во финалето со Ѓурчиновски.

Подеднакво блескав беше настапот и на Блендијан Ќазими во категоријата до 19 години, каде што без пораз стигна до првото место и во финалето со 7:3 го совлада Ермин Чурт од Босна и Херцеговина. Третото место во оваа конкуренција го делеа Васил Сандакчиев од Бугарија и Данило Даковиќ од Црна Гора.

Одличниот старт на македонските младинци беше верификуван во прекрасна натпреварувачка атмосфера, со бројна публика која сведочи за експанзијата на билијардот во регионот. Радува дека квалитетот на мечевите беше на високо ниво и зголемувањето на натпреварувачите од година во година.

Вториот турнир од предвидените четири во оваа конкуренција ќе се игра на 6 и 7 јули во Загреб, Хрватска.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни