Поврзете се со нас

АТП

Алкарас: Едвај чекам да го видам Ѓоковиќ

Објавено

на

Foto:twitter.com/usopen

Шпанскиот рекет, Карлос Алкарас не ја потврди фаворитската улога и доживеа пораз од Андреј Рубљов на АТП Мастерсот во Мадрид.

Алкарас загуби со 2-1 во сетови, но овој пораз не го загрижи затоа што смета дека постигнал повеќе од тоа што тој и неговиот тим се надевале во шпанската престолнина. Карлос се уште не е 100 проценти фит, има проблеми со десната подлактица поради која не настапи во Монте Карло и Барселона.

Сепак тој не се откажува и веќе е насочен кон нов турнир, оној во Рим каде ќе биде и Новак Ѓоковиќ.

-Ќе видиме колку добро ќе се опоравам оваа недела. Едвај чекам да го видам Ѓоковиќ во Рим. Се надевам дека ќе дојдам во Италија со позитивно чувство, -истакна Карлос.

Алкарас: Не сакам да губам, но…

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни