Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Судиска одлука за која ќе се зборува: Душебајев и Карачиќ на колена, Талант се фаќаше за глава (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:twitter.com/kielcehandball

Тимот на Кјелце ја загуби драмата со Магдебург и со тоа остана без пласман на завршниот турнир во Лигата на шампионите.

Голема борба се водеше во Германија, борба која беше решена со удари од 7 метри во кој херој беше домашниот голман Сергеј Ернандез Ферер.

Меѓутоа во финишот на мечот, завршните секунди имаше една дискутабилна одлука на судиите која сигурно уште долго ќе биде коментирана во Полска, особено од луѓето во Кјелце.

Имено гостите со гол ќе обезбедеа пласман во наредната фаза, билет за фајналфор. Имено Даниел Душебајев иако имаше сериозен контакт со противниците, успеа некако да ја спроведе топката до Каралек кој имаше чист зицер, но судиите од Шведска, Куртагиќ и Ветервик се одлучија да досудат прекршок, да ја вратат играта на девет метри, одлука по која Алекс Душебајев и Карачиќ паднаа на колена, додека тренерот Талант се држеше за глава.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни