Поврзете се со нас

Свет

Расположениот Шортс донесе уште една победа за Париз (ВИДЕО)

Објавено

на

Македонскиот репрезентативец, Ти-Џеј Шортс од натпревар во натпревар ги решава противниците во било кое натпреварување, а најнова жртва му беше Шалон на кого му пресуди во дуелот од првата француска лига.

Париз го оправда статусот на фаворит и триумфираше со 84:73 и со тоа официјално го обезбеди второто место на табелата, поточно во плејофот ќе тргне од втората позиција.

Во главна улога беше Шортс со 24 поени на кои испорача 8 асистенции со 2 скока. Вториот најефикасен играч кај гостите беше Малком со 12 кошеви што доволно говори каква е улогата на плејмејкерот во тимот.

Инаку Париз е во низа од 23 победи во сите натпреварувања што е навистина импресивно, односно е на две победи од историскиот лекорд на Лимож.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни