Поврзете се со нас

Боречки спортови

Ќе се бори за злато: Георгиевски обезбеди финале на ЕИ во Краков

Објавено

на

Најдобриот македонски таеквондист, Дејан Георгиевски обезбеди место во големото финале на Европските игри (ЕИ) во Краков.

Георгиевски се претстави во фантастично издание во полуфиналето со Иван Гарсија од Шпанија, го совлада во две рунди и обезбеди медал за Македонија со тоа што се надеваме истиот ќе биде златен.

Негов завршен ривал на турнирот ќе биде Луис Канингам од Велика Британија со кого ќе ги одмери силите по 19 часот.

На патот до овој резултат Дејан прво беше поуспешен од Италијанецот Матија Молин (2-0), а потоа по една исцрпувачка борба го победи Украинецот Андри Харбар (2-1).

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни