Поврзете се со нас

Американски спортови

НХЛ фановите воодушевени од „олд-скул“ тепачка во која уживаа и судиите (Видео)

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/NHLFlyers

Хокеарските натпревари често знаат да донесат брутален бонус за фановите, а тоа се тепачките кои и натаму се еден вид дозволена дисциплина и во НХЛ лигата.

Вчерашниот дуел меѓу Филаделфија и Њујорк донесе навистина жесток судир меѓу двајца хокеари, а веднаш стана вирална поради динамиката, но и времетраењето, кое очигледно не им пречеше на официјалните лица.

Метју Ремпи и Николас Делориер решија да се пресметаат уште на почетокот на дуелот, а НХЛ фановите сметаат дека ова е една од најбруталните тепачки видени на ледот подолг период.

Младиот Ремпи може да се смета за победник во дуелот, не само поради модринките на лицето на ветеранот, туку и поради фактот што во последниот период постигна гол за победа на неговиот тим Њујорк Ренџерс.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни