Поврзете се со нас

Дејвис куп

Синер го растури Де Минор, Италија ја освои „салатарата“ после 47 години! (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/DavisCup

Завршната епизода во Дејвис Купот се одиграа оваа вечер во Малага, а како што можеше да се очекува, фаворизираната Италија успеа лесно да се справи со Австралија и да победи со 2:0.

„Финалето пред финалето“ се одигра вчера и Италијанците со голема драма извојуваа победа над Србија, па така денеска задачата беше многу полесна за Јаник Синер и неговите колеги.

Младиот Арналди го донесе првиот поен за „аѕурите“ откако го доби Попирин со 2:1 во сетови, а завршниот удар го зададе најдобриот играч на Италијанците.

Синер игра во страшна форма, па откако вчера спасуваше три меч топки против Ѓоковиќ, денеска го декласираше Де Минор со 6:3 и 6:0 и донесе огромен успех за „аѕурите“.

За Италија ова е втора Дејвис Куп титула во историјата, па така тимот кој го предводи Воландри е првиот кој ќе ја подигне „салатарата“ по оној легендарниот од 1976-та година.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни