Поврзете се со нас

Балкан

Играч на Звезда доцнел на дербито против Партизан, се појави лудо видео кое стана хит во Србија

Објавено

на

Foto:twitter.com/crvenazvezdafk

Гелор Канга е синоним за Црвена Звезда веќе неколку сезони и во моментов ја има својата втора етапа во клубот, а играчот за врска е миленик меѓу навивачите и поради потези како оној вчера пред дербито.

Канга беше стрелец на првиот пенал кој го доби Звезда во 173-то вечно дерби, но денеска посебно интересна стана сторијата со која на јавноста и се откри дека Гелор всушност доцнел на стадионот.

Фудбалерот од Габон заглави во сообраќајниот хаос во Белград и не можел да мрдне од место, па барал помош и од полицискиот службеник кој го регулирал метежот.

Видеото од комуникацијата меѓу Канга и сообраќаецот денеска стана вирален хит, а Гелор побарал помош и од обични минувачи кои се нашле на местото на настанот.

– Брате, треба да играм сега на натпреварот…….

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни