Поврзете се со нас

Германија

Најава за голем пресврт: Тухел не исклучува „Чави сценарио“ во Баерн!

Објавено

на

Foto:twitter.com/FCBayern

Баерн Минхен во краток временски интревал остана и без третата тренерска опција со која сериозно преговараше, па официјалната „корпа“ од Ралф Рангник уште толку ги закомплицира работите за директорите на баварскиот великан.

Макс Еберл и натаму има отворена листа на потенцијални тренери откако беше одбиен од Чаби Алонсо, Јулијан Нагелсман и Ралф Рангник, но во Германија се повеќе почна да се зборува и за една опција која многумина би изненадила, но која изгледа и доста логична во овој момент.

Дел од навивачите на Баерн почнаа да собираат потписи за останување на Томас Тухел пред десетина дена, а по целиот чуден сплет на околности, сега и новинарите гледаат како реална опција на оваа опција.

Иако има важечки договор со Баерн, Тухел се договори со директорите да си замине по крајот на оваа сезона, но денеска за првпат изјавил дека таа одлука може да не биде и пресудна доколку клубот излезе со друг предлог во периодот кој следи.

– Имам важечки договор со Баерн и се договоривме дека ќе го прекинеме порано. Сепак, се може да се случи во фудбалот. Се може да се случи, но засега одговорот останува ист. Зборовите за прекин на соработката постојат, но се може да се случи, – изјавил Тухел, кој автоматски со оваа изјава не отфрлил останување на „Алијанц арена“.

Последните информации кои пристигнуваат од Германија велат дека ништо против вакво сценарио не би имале и Макс Еберл и Кристоф Фројнд, па сега се очекува директорите на Баерн повторно да стапат во контакт со Тухел за можно повторување на ситуација каква што режираа Лапорта и Чави во Барселона.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни