Поврзете се со нас

Мото ГП

Маркез освои прва пол-позиција со Дукати, лудиот спринт му припадна на Мартин

Објавено

на

Foto:twitter.com/MotoGP

Марк Маркез очекувано беше максимално мотивиран на трката за големата награда на Шпанија, а доброто познавање на патеката Херес му овозможи да освои прво место, односно прва пол-позиција како член на Дукати Гресини.

Осумкратниот светски првак покажа извонредни перформанси и се избори за подобро време од Бецеки и Хорхе Мартин, па тоа беше гаранција и за супер возбудлива спринт трка која започна во 15:00 часот.

Воведот на спринтот му припадна на Биндер кој изненанди во првиот круг, но Мартин успеа да го мине Маркез уште во првиот свиок и така тој беше возачот кој го бркаше членот на КТМ .

Мартин брзо дојде до израз и без проблеми го мина Биндер, а истото го направија и Марк и Алекс Маркез, кои сепак во продолжение од трката го допреа асфалтот.

Прв излета помладиот брат, но многу полош беше падот за Марк, бидејќи претходно успеа да се врати и да го мине Мартин и да избие на првото место. Марк падна како првопласиран и на крајот му овозможи на Мартин да освои 12 бода на спринт трката, а тој иако се врати откако излета, на крајот заврши само седми.

Супер вест за Мартин беше и тоа што падна и Пеко Бањаја по судир со Бецеки и Биндер, додека од фестивалот од падови најмногу профитираа Акоста кој заврши втор, како и Квартараро и Педроса кои завршија на третото и четвртото место.

Трката за Големата награда на Шпанија се вози утре, а од првото место ќе стартува Марк Маркез кој сигурно ќе сака да ја поправи грешката која ја направи на денешниот спринт.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни