Поврзете се со нас

Свет

Хап прв стрелец против големата Барселона (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:twitter.com/GranCanariaCB

Македонскиот репрезентативец, Итан Хап имаше одличен меч против Барселона во АЦБ лигата.

Центарот на Гран Канарија блескаше во „Палау Блауграна“ во драмата во која по дополнителните пет минути фаворитот се избори за славје од 95:89.

Гостите ги имаат каталонците во раце, водеа и со 20 разлика во третиот период, ама избраниците на Гримау полека, се враќаа и особено на високо ниво го одиграа завршниот период кој го реализираа со 30-15 што беше доволно натпреварот да се однесе во продолжение.

Таму Барса беше сигурна и со 15-9 ја запиша 22. сезонска победа која сигурно ќе им помогне пред престојната мајсторка со Олимпијакос за пласман на завршниот турнир во Евролигата.

Лапровитола со 29 поени беше лидер кај победникот, додека кај Гран Канарија број еден беше Хап со 24 поени, 7 скока и 1 асистенција.

Standings provided by Sofascore
Реклама
Реклама
Реклама

Популарни