Поврзете се со нас

Европски купови

„Лавиците“ од Ѓорче Петров се изборија за четвртфинале во Европскиот Куп (ВИДЕО)

Објавено

на

foto: Ѓорче Петров - ЖРК/FB

Актуелниот македонски ракометен шампион, Ѓорче Петров обезбеди место во четвртфиналето на Европскиот Куп на ЕХФ.

Скопскиот тим загуби на денешното гостување во Чешка кај Хазена Кинжварт со 34:33, но победата од три гола остварена минатата недела во Автокомада беше доволна за „лавиците“ да ја добијат комплетната битка и да се пласираат во наредната фаза на ова европско натпреварување.

Избраничките на Симе Симовски имаа добро, ефикасно прво полувреме кое го завршија со предност од 20:16. Во вторите 30 минути не беше се идеално за нашиот првак, меѓутоа се издржа кога беше најпотребно и сосема заслужено изборен е резултат кој води меѓу најдобрите осум во оваа конкуренција.

Николовска и Дамјаноска со по шест гола беа најфикасни кај ѓорчепетровки.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни