Поврзете се со нас

ВТА

Двократната грен слем шампионка се пензионира на 30 години: Дојде време за крај

Објавено

на

Foto:twitter.com/Wimbledon

Гарбиње Мугуруса пред неколку години беше најдобра светска тенисерка и важеше за една од најголемите фаворитки на грен слем турнирите, но сериозниот пад во формат ја натера да се повлече на само 30-годишна возраст.

Шпанската тенисерк беше број еден во светот и освои две грен слем титули, а откако лани реши да направи подолга пауза од тенисот, испадна дека истата е дефинитивна за нејзината кариерар.

Мугуруса на денешната прес-конференција во Мадрид ја информирала јавност дека се повлекува и дека става крај на играчката кариера, во која вистински хајлајт беше првото место на ВТА листата, како и освоените титули на Ролан Гарос (2016) и Вимблдон (2017-та година).

– Чувствувам дека дојде време да се простам. Ова беше долга и преубава кариера, исполнета со незаборавни моменти и анегдоти. Можам да ви раскажам илјада приказни, но време е да се пензионирам на 30 години.

– Мислам дека таа реченица звучи преростро, но сакам да почнам нешто ново за себе. Пред мене е нова епизода во животот, некој да ми кажеше дека ќе освојам грен слем и дека ќе бидам најдобра во светот, немаше да му верувам. Сепак, најгорда сум на тоа што бев силна во тешките моменти, – порача Мугуруса.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни