Поврзете се со нас

Лига на нации

Андонова погоди од корнер, фудбалерките со победа ја отворија Лигата на нации

Објавено

на

Женската фудбалска репрезентација на Македонија оствари победа над Летонија со 4-3 во првиот натпревар во Лигата на нации, во групата во која се уште селекциите на Словенија и Молдавија.

Нашите фудбалерки се покажаа во позитивно изданија и успеаа да обезбедат триумф во натпреварот кој воедно беше деби на новиот селектор Александар Андов.

Домаќините први дојдоа до водство, меѓутоа експресно стигна одговорот од македонските репрезентативки кои преку Рочи, Рокане и Андонова која погоди од корнер дојдоа до 3-1 до 32 минута.

Со овој резултат се замина на пауза, а по одморот Летонија реализираше двапати, а ние еднаш преку Милчевска.

Следната средба ја играме на домашен терен против Словенија.

Standings provided by Sofascore
Реклама
Реклама
Реклама

Популарни