Поврзете се со нас

НБА

Јокиќ по добиената битка со „кралот“ Џејмс: Вакви победи станаа наша традиција

Објавено

на

Foto:twitter.com/nuggets

Никола Јокиќ одново го диригираше Денвер и беше клучен фактор во четвртата победа остварена над Лејкерс, триумф со кој Нагетси се пласираа во следната плејоф рунда во НБА лигата.

Втора година по ред, Јокиќ, Мареј и пријателите беа кобни за Лејкерси и ги испратија на предвремен летен одмор, а актуелниот шампион и на овој меч повторно покажа дека никогаш не се откажува, дури и кога се промашуваат доста отворени шутеви.

– Ова беше тежок меч за нас, Лејкерси сакаа да дојдат до победа на секој начин и сакаа да ја продолжат серијата. Наша цел беше да ја затвориме и успеавме во тоа.

– Играме храбра кошарка, никогаш не се предаваме. Не погодивме многу шутеви оваа вечер, но веруваме едни ов други и тоа е причината поради која победуваме.

– Никогаш не се предаваме, тоа е нашето мото. Откако дојдов тука, тоа е нашата традиција. Губиме на речиси секој меч, но на крајот победуваме. Знаеме што треба да направиме во тешки ситуации и незгодни сме за било кој противник, – изјави Јокиќ кој во следната рунда ќе игра против Минесота.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни