Поврзете се со нас

Шпанија

Чави по драматичната дерби победа: Ми се допаѓаат тројца играчи на Валенсија

Објавено

на

Foto:twitter.com/FCBarcelona

Барселона максимално профитираше од црвениот картон на Мамардашвили и направи пресврт против Валенсија во второто полувреме, пред се благодарение на Роберт Левандовски кој беше кобен за „лилјаците“ од прекин.

Полјакот постигна хет-трик за победа од 4:2 и со тоа каталонците го држат второто место на табелата, а следното коло ќе биде навистина интересно бидејќи Барса ќе гостува кај третопласираната Џирона.

Битката за второто место е единственото што и преостанува на Барселона до крајот на сезоната, но Чави по дерби триумфот над Валенсија зборувал и за неколку играчи од противничкиот табор за кои има високо мислење.

Каталоннската јавност почна да пишува дека Пепелу е интересен за водечките луѓе на Барселона како замена за Ориол Ромеу во летниот преоден рок, но Чави не сакаше да дава директен коментар на оваа тема и даде коментар за тројца играчи кои се тренирани од Рубен Бараха.

– Пепелу? Ми се допаѓаат неколку играчи од Валенсија, не е само Пепелу. Тука е и Хави Гера и Гаја, младите играчи на Валенсија се навистина добри. Бараха заслужува големи пофалби за тоа што го работи, во Валенсија секогаш има многу возбудливи фудбалери, – изјави Чави.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни