Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Валверде посебно издвои еден играч на Баерн: Тој ќе одбележи фудбалска ера

Објавено

на

Foto:twitter.com/realmadrid

Феде Валверде му правеше друштво на Карло Анчелоти на пресот кој го одржа Реал Мадрид, сето тоа како подготовка и најава за  полуфиналето во Лигата на шампионите.

Реал ќе му гостува на Баерн на „Алијанц арена“ во првиот од двата предвидени дуели во најелитното натпреварување, а претставниците на Реал говореа со голема почит за ривалите од Германија, без оглед на тоа што Баерн немаше баш добра сезона во Бундеслигата.

– Баерн е голем клуб, секогаш е предизвик да се игра со таков великан. За мене ќе биде првпат да играм против Баерн во Лигата на шампионите и многу сум среќен поради тоа.

– Голема е честа да се брани грбот и дресот на Реал Мадрид на вакви натпревари, знаеме дека нема да биде лесно, но ќе дадеме се од себе за да се покажеме во посакувано светло, – изјави Валверде, кој го издвои Џамал Мусиала како играч кој посебно му се допаѓа од противничкиот табор.

– Јас не сум перфектен играч за чување на такви фудбалери, ќе биде тешко да се сопре Џамал. Тој е фантастичен играч, на толку рана возраст оствари големи работи во кариерата и пред него е светла иднина. Се надевам дека утре ќе го победиме, а потоа може да одбележи една ера во клубот, но и воопшто во фудбалот, – изјави Валверде.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни