Поврзете се со нас

Билијард и Снукер

Рони О’Саливен оствари три победи во два дена и го освои првиот Мастерс во Саудиска Арабија

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/ronnieo147

Рони О’Саливен покажа врвна форма на првиот снукер Мастерс во Саудиска Арабија и со три победи во два дена, на фуриозен начин го освои престижниот турнир во азиската земја.

По триумфот над Џад Трамп со убедливи 4:1 во денешното полуфинале, само неколку часа подоцна, О’Саливен се соочи со Лука Бресел во големото финале и оствари триумф од 5:2 за уште еден важен успех во својата неверојатна снукер кариера. Вчера, доцна навечер, О’Саливен го преслуша големиот ривал Џон Хигинс со 4:0 за само еден час.

Во денешното финале, Бресел водеше со 2:1 и по едно промашување на црната топка му овозможи на Рони да се врати на масата, а „Ракетата“ не само што ја прифати поканата, туку веќе и не направи грешка до крајот на мечот за сигурен триумф против Белгиецот.

Ова беше прво издание на новиот Мастерс во Ријад, а О’Саливен ќе ја напушти Саудиска Арабија со чек на 250.000 фунти.

Првото појавување на златната топка и максималниот брејк од 167 поени беа дополнителен мотив за учесниците на турнирот кој траеше само неколку дена, но најдобрите снукер играчи не успеаја да ја предизвикаат седмата обоена топка и да стигнат до атрактивниот бонус од 500.000 долари.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни