Поврзете се со нас

Балкан

Предводникот на Партизан за контроверзното дерби: Претерувате со тоа за судиите

Објавено

на

Фото: https://www.facebook.com/FKPartizanBG

Црвена Звезда и Партизан одиграа интересно дерби кое донесе резултатски пресврт, долго судиско продолжение и многу контроверзи по завршувањето на истото.

Гостите сметаат дека се оштетени во неколку ситуации и се заканија дека нема да играат против истиот противник во полуфиналето на Купот, а дел од фудбалерите на Партизан преку социјалните мрежи обвинија за „судиски грабеж“ и „невозможна борба против системот“.

На друга фреквенција бил Алберт Наѓ, кој го предводеше Партизан во отсуство на суспендираниот тренер, Игор Дуљај.

– Сакам да и честитам на Звезда за победа, мислам дека ова беше интересно дерби. Тие ги искористија своите шанси, ние не бевме доволно концентрирани во одредени моменти. Го дадовме максимумот, но тоа не беше доволно за добар резултат, – рекол Наѓ.

Партизан со соопштение најави дека нема да игра во купот, а фановите уште за време на средбата бараа од „црно-белите“ да го напуштат теренот, додека Наѓ бил многу посмирен на пресот.

– Никогаш не го напуштам бојното поле, а не ни знаев дека клубот објавил соопштение. Судијата? Мислам дека претерувате со тоа, не ме интересира, она што е најважно е дека го загубивме дербито, – рекол Наѓ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни