Поврзете се со нас

Европски првенства

Познат е распоредот за македонската репрезентација: Квалификациите ќе ги започнеме и завршиме на домашен терен

Објавено

на

Машката сениорска репрезентација на Македонија ги доби ривалите за квалификациите за пласман на Европското првенство кое во 2026 година ќе се одржи во три земји и тоа Данска, Шведска и Норвешка.

Ние се најдовме во групата 1 каде добивме ривали по мерка и тоа Словенија, Литванија и Естонија што секако не става во позиција да се надеваме, веруваме дека ќе обезбедиме пласман на уште еден голем ракометен настан.

Веќе е познат и возниот ред, распоредот на натпреварите во кои ќе се надигруваме со ривалите во  три ЕХФ недели.

Тргнуваме против Естонија на домашен терен, а потоа ќе и гостуваме на Литванија во првиот „прозорец“. Во вториот пак во март наредната година имаме двобој со Словенија за да на крајот завршиме во мај со Естонците на гости и Литванците пред нашата публика.

Пласман на шампионатот ќе обезбедат прво и второпласираните репрезентации како и четири од осумте третопласирани селекции во квалификациските групи.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни