Поврзете се со нас

АТП

Надал загуби само еден гејм и закажа битка со Де Минор во Мадрид (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:twitter.com/MutuaMadridOpen

Шпанскиот тениски ас, Рафаел Надал со убедлива победа го отвори настапот на АТП Мастерсот во Мадрид.

Надал за ривал го имаше тинејџерот од Соединетите Американски Држави, Дарвин Бленч, меч со кој беше испишана историја затоа што ова беше најголема возрасна разлика на ривали на мастерсите од серијата 1000 (37/16).

Рафа одигра фокусирано, посветено и му препушти само еден гејм на Американецот во двата сета или поточно конечниот резултат на крај беше 6-1 и 6-0.

Веќе во следново коло Надал има супер сериозен предизвик, соочување со десеттиот носител на турнирот Алекс Де Минор од кого пред неколку дена загуби во Барселона со 7-5 и 6-1.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни