Поврзете се со нас

Италија

„Давеникот“ Сасуоло вторпат го победи шампионот Интер (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/SassuoloUS

Интер беше недопирлив во Серија А оваа сезона и сосема заслужено ја освои титулата, но ако има еден тим кој е незгоден за составот на Симоне Инѕаги, тоа дефинитивно е Сасуоло.

„Нераѕурите“ имаат само два порази во 35 одиграни кола во домашното првенство, а интересно двата пристигнаа од тимот кој води жестока битка за опстанок во елитата.

Сасуоло го шокираше Интер на „Џузепе Меаца“ во есенскиот дел од сезоната и му го нанесе првиот пораз, но вечерва му го нанесе и вториот сезонски пораз на новиот шампион во Калчото.

„Давеникот“ си остави добри шанси за опстанок во последните три кола со денешната победа која ја оствари над фаворитот, а до која дојде благодарение на голот на Лориенте во 20-та минута.

Лошата реакција на Дамфрис му овозможи на Доиг да стигне до топката и добро да го проигра својот соиграч, па тоа се покажа како клучен момент за победата, и покрај тоа што имаше уште 70 минути за игра.

Интер постигна гол за 1:1 преку Лаутаро пред крајот на првиот дел, но после долго прегледување, погодокот беше поништен поради офсајд.

Голот за победа погледнете го ТУКА

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни